Се зголемува бројот на загинати во најновиот бран ирански напади врз Израел

Од:

Најмалку осум лица се убиени во најновиот бран ирански напади врз Израел, објави Ројтерс, повикувајќи се на извештај од израелското воено радио.

Порано, организацијата Маген Давид Адом, израелскиот еквивалент на Црвениот крст, соопшти дека пет лица се убиени во нападите на Техеран во текот на ноќта.

Една од жртвите е пронајдена во урнатините на зграда во станбена област на градот Петах Тиква, објави „Тајмс оф Израел“.

Три лица се убиени на истото место, а еден маж е убиен во Бнеи Брак, кога ракета го погодила местото и предизвикала голема штета во станбена област.

Службите за итни случаи соопштија дека 92 лица се хоспитализирани, повеќето со полесни повреди.

Експлозии се слушнаа во големите израелски градови, вклучувајќи ги Тел Авив и пристанишниот град Хаифа.

Иранските напади се случија преку ноќ, кратко откако Израел изврши напади врз Иран и го уби шефот на разузнавачката служба на иранските вооружени сили.

Би можело да ве интересира

Во Скопје пристигна првата евакуирана група македонски државјани од Израел

Иран продолжува со ракетните напади кон Израел

Експлозии во Техеран, израелските сили погодија објект за производство на ракети и воена академија

Израел: Нападнавме ирански нуклеарни и ракетни објекти

Горан Наумовски

Израелска армија: Сомнителна воздушна цел соборена во северен Израел

Горан Наумовски

Врховниот лидер на Иран: Во име на благородниот Хајдар, битката започнува

Горан Наумовски