Се зголеми постизборното насилство во Кенија, опозицијата тврди дека безбедносните сили убиле повеќе од 100 лица

Од:

Се зголеми постизборното насилство во Кенија, каде полицијата употреби солзавец врз конвојот на возила што ги пренесуваа претставниците на опозицијата, а неколку лица беа убиени во судирите меѓу полицијата и приврзаниците на опозицијата, кога беа прогласени конечните резултати од изборите во земјата.

Американските медиуми јавија дека, во судирите досега загинале 11 лица.

Кенијската опозиција, без да приложи докази, соопшти дека по прогласувањето на резултатите од изборите во земјата се убиени над 100 лица, меѓу кои и деца.

Националната комисија за човекови права на Кенија, наведе дека најмалку 24 лица, вклучително и шестгодишно дете, се убиени откако беа објавени изборните резултати.

Лидерот на опозициската коалиција НАСА Џејмс Оренго наведе на прес-конференција дека кенијската полиција го предизвикала насилството.

Националната избирачка комисија на Кенија соопшти дека Ухуру Кенијата освоил втор петгодишен мандат, откако според конечните резултати тој доби 54,27 проценти од гласовите, а неговиот ривал, опозицискиот лидер Рајла Одинга, 44,74 отсто.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“