Се забрануваат дизел возила и во Келн и Бон

Од:

Градовите Келн и Бон ќе мора од април 2019 година да воведат забрани за движење возила на дизел погон што не задоволуваат најнови стандарди за ниво на испуштени штетни гасови. Тоа го одлучи денеска Управен суд во Келн, јави ДПА.

Во образложението на судската одлука се наведува дека предолго се чекало за намалување на нивото на штетни гасови и дека сега единствената мерка што преостанува е – забрана.

Забраната од април 2019 година ќе се однесува на возила до норма Еуро 4, а од септември за автомобили со ознака Еуро 5.

Забраната ја побараа од еколошкото здужение Германска заштита на природата која вече во неколку германски градови по судски пат се избори за забрани.

Би можело да ве интересира

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Во Германија формирана голема коалиција

Поевтинуваат горивата

Тела на маж и жена најдени во резервоар за ѓубриво на фарма во Германија

А1он

Нови цени на горивата од полноќ

Голема евакуација во Оснабрик, копајќи темели за нова зграда пронајдени се бомби од Втората светска војна