Кардиналите на денешниот состанок во Ватикан се уште не одлучија за датум за почеток на конклавата, на која треба да се избере папа по повлекување на Бенедикт XVI, изјави портпаролот Федерико Ломбарди.
Ломбарди изјави дека на состанокот учествувале 113 од 115 кардинали со право на глас, помлади од 80 години.
Виетнамскиот кардинал треба да допатува утре, а се очекува и полскиот да пристигне во текот на денот. Конклавата, нема да започне се додека не бидат присутни сите кардинали со право на глас.
-Се уште не се знае датумот за конклавата – изјави Ломбарди.
Елена Георгиевска