Се уште неизвесен датумот за почнување на конклавата, според хрватски историчар

Од:

Во моментот никој не знае кога би можела да почне конклавата за избор на наследник на папата Бенедикт Шестнаесетти, кој на почетокот на овој месец се повлече од таа должност, но се претпоставува дека тоа би можело да се случи на 10 март, изјави историчарот Силвио Томашевиќ.

Тој истакна дека папата Бенедикт Шестнаесетти денеска би требало да го потпише документот, кој ќе овозможи конклавата за избор на негов наследник да се одржи пред предвидените 15 денови по испразнувањето на Светата столица.

Освен потпишувањето на овој документ, папата денеска ќе прими и некои кардинали, додаде тој.

До заминувањето на папата Бенедикт Шестнаесетти остануваат уште четири дена. Тој Светата столица ќе ја напушти в четврток, на 28 февруари во 17 часот, а престолот на Свети Петар ќе остане испразнет од тој ден во 20 часот.

Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди остро ги критикуваше медиумските извештаи за наводните причини поради кои папата Бенедикт Шестнаесетти би поднел оставка, тврдејќи дека поединечни медиуми се обидуваат да профитираат низ озборувања и линч насочен кон Католичната црква.

Ломбарди имено реагираше на пишувањето на италијанските медуми во изминатите неколку дена, кои шпекулираа дали папата одлуката за оставка ја донел поради извештајот кој открива бројни интриги, секс скандали и корупција во Ватикан.

– На сите оние на кои пред очите им се само секс, пари и моќ не гледаат понатаму од тоа и целиот свет го набљудуваат во рамки на тие параметри, па така и Католичката црква, додаде Ломбарди.

Италијанскиот весник „Република“ ја објави пред неколку дена првата серија од текстот насловен како „Секс и кариера, уценувањата во Ватикан и причината за откажувањето на Бенедикт Шестнаесетти“.

Написите се занимаваат со секс скандалот, кражбата и развратот во Ватикан, кои ги истражуваа 89-годишниот кардинал Јозеф Томко, 83-годишниот кардинал Јулијан Херанз и 83-годишниот кардинал Салваторе де Гиорги. Наводно овие тројца кардинали во декември му предале на папата околу 300 страници од нивното истражување, во кое остро говореа за блудот и кражбите во Ватикан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска