Се уште има 39 исчезнати од нападот врз трговскиот центар во Најроби

Од:

Кенискиот Црвен крст денеска соопшти дека 39 лица официјално се уште се водат како исчезнати по терористичкиот напад во трговскиот центар „Вестгејт мол“ во Најроби.

Откако кениските власти минатата недела соопштија дека четиридневната опсада на трговскиот центар е завршена, експерти, меѓу кои и оние дојдени од западните земји, ги пребаруваат останките за обезбедување докази.

При опсадата се урна дел од четирикатната зграда, па според властите, можно е под урнатините да има уште тела на загинати.

Според Црвениот крст, се уште се трага по 39 лица. Минатата недела бројот на изчезнатите лица, според Црвенито кртс, изнесуваше над 60.

Владата определи притвор за 12 лица обвинети за нападот, но најмалку тројца беа ослободени. Вкупно 72 лица, вклучувајќи и петмина напаѓачи, беа убиени во нападот врз трговскиот центар, за кој одговорноста ја презеде сомалиската исламистичка група Ал Шабаб.
Кенискиот парламент истражува како екстремистите поврзани со Ал Каеда, државјани на неколку земји, успеале да го организираат нападот.

Медиумите во Кенија информираа дека имало предупредување од израелското разузнавање, кое властите го занемариле.

Властите ја истражуваат и информацијата дека напаѓачите изнајмиле продавница во луксузниот мол извесен период пред нападот.

Сомалиските исламисти денеска на Твитер повторно соопштија дека во нападот не учествувала жена, демантирајќи ги по кој знае кој пат тврдењата за учество на Британката, Саманта Лутвејт во акцијата, напоменувајќи дека нивната политика „не е да користат сестри за такви мисии“.

Една недела по инцидентот во „Вестгејт“ кениската Влада и западните разузнавачки служби се уште не открија ниту еден детал за операцијата, а непознат останува и идентитетот на напаѓачите.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“