Се уште е критична состојбата на Мандела

Од:

Здравствената состојба на поранешниот лидер на Јужна Африка, Нелсон Мандела и понатаму е критична, неговото семејство е со него додека тој се бори за живот, пренесуваат светските медиуми.

Состојбата на нашиот национален херој, кој веќе 17 дена е во болница, се уште е критична –изјави претседателот на Јужна Африка, Џејкоб Зума во Јоханесбург и додаде дека лекарите прават се што е во нивна моќ.

Покрај Мандела во овие тешки моменти се неговата сопруга Грасе со ќерките, како и неговата поранешна сопруга Вини Мадикизела- Мандела, со која заедно се бореа против апартхејдот.

Мандела како лидер на движењето против апартхејдот помина 27 години во затвор, во време на расистичката власт на белците. Од затворот излезе 1990, за да 1994 година стане првиот црнец претседател на Јужна Африка.

За своите залагања доби повеќе од 250 признанија, меѓу кои во 1993 година и Нобеловата награда за мир.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

Орце Костов

Три лица загинаа, а 40 се повредени кога се урна ѕид од брана во рудник во ЈАР

Горан Наумовски

Наезда на скакулци во ЈАР

Ана Ололовска

ЈАР: Наместо пофалби, светот ја казнува ЈАР за откривањето во рана фаза на нова мутација на коронавирусот

Ана Ололовска

Обвинители тврдат дека поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума примил мито повеќе од 700 пати

Ана Ололовска

Место со вакцината на „АстраЗенека“ ЈАР ќе се имунизира со вакцината на „Џонсон& Џонсон“

Ана Ололовска