Се урна станбена зграда во Најроби, најмалку две лица загинаа

Од:

Најмалку две лица загинаа, а 38 се спасени од урнатините на осумкатна станбена зграда во Најроби, соопшти денеска полицијата.

Според полицискиот началник Бенсон Кибуе, една жртва починала по доаѓањето во болница, додека телото на едно дете е извлечено од под урнатините, пренеса американските медиуми.

Несреќата се случила синоќа, а како што изјави Ник Тионго, од кенискиот Црвен крст, се уште не се знае каква и судбината на десетици станари од зградата.

Градскиот архитект Том Одонго изјави дека горните катови на зградата биле градени на брзина заради што е направен дополнителен притисок врз долните катови.

Минатиот месец осум лица загинаа кога, исто така, се урна зграда во престолнината на Кенија.

Заради големата побарувачка на станови во Најроби, одделни градежни фирми не ги исполнуваат градежните стандарди во текот на изградбата на згради за максимално да ги намалат трошоците и да ја зголемата својата заработка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он