Најмалку 11 лица загинаа, а две се спасени кога рудник за мермер се урна во северозападниот дел на Пакистан, соопштија денеска пакистанските власти.
Несреќата се случила вчера, во областа Зиарат, во селото Лакаро.
– Рудникот се урна се време на минирањето во сабота навечер и досега пронајдовме 11 безживотни тела. Можно е да има уште луѓе заробени во рудникот, изјави локалниот функционер Мераџ Кан.
Тој дополни дека две лица се спасени и оти спасувачката акција е во тек.