Неколкумина загинаа откако синоќа при слетувањето се урна хеликоптерот во кој што се превезуваше мексиканскиот министер за внатрешни работи Алфонсо Наварете. Хеликоптерот одеше до местото на синоќешкиот силен земјотрес во Мексико. Министерот не е повреден во инцидентот.
Наварете патувал заедно со гувернерот на државата Оахака Алехандро Мурат и уште неколку владини претставници кон градот Пинотепа де Сан Луис, во зоната која неколку часа претходно беше погодена од земјотрес со интензитет од 7,2.
Претседателот Енрике Пења Нието соопшти дека министерот Навара, гувернерот Мурат, како и екипажот се неповредено, но животот го загубиле неколку луѓе на земјата.
За каналот „Телевиса” Алфонсо Наварете изјави дека пилотот на хеликоптерот изгубил контрола над машината на околу 40 метри од земјата.