Се урна француски воен авион

Од:

Француски воен авион од типот „Мираж 2000“ се урна попладнево во реонот на селото Барош во источна Франција, јави дописникот на МИА од Париз.

Пилотот успеал да се катапултира од авионот пред неговото уривање и се приземјил неповреден.

Причината за уривањето на авионот, кој бил стациониран во воената база во Луксој-ле-Бан, се уште не е позната.

Иако ваквите несреќи се редки, сепак француското Воено возухопловство, кое поседува над 300 авион од овој тип, и преходно имало слични загуби на своја територија. Од почетокот на деведесетите години на минатиот век, па до денес, над се урнале петнаесетина „Миражи 2000“, најчесто при воени вежби и над населени места.

Последниот случај на пад на воен авион во Франција беше во 2013 година, кога еден „Мираж 2000“ се урна откако во моторите вовлече јато птици, а пред тоа 2012 година, друг „Мираж“ падна при полетувањето од воената база во Луксој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм