Се урна Ербас 320 во јужниот дел од француските Алпи

Од:

Авион од типот Ербас 320 на компанијата „Џерман вингс“ се урна денеска во јужниот дел од француските Алпи.

aerodromBarca

Во авионот се наоѓале 142 патника и шест членови на екипажот, јави француската телевизија И-теле.

plane_3243308a

Авионот летал на релација Барселона – Дизелдорф. „Џерман вингс“ е компанија – филијала на Луфтханза, а досега ниту еден од нејзините претставници не е достапен за коментар.

11073987_10205087756606336_1918780908_n

Авионот на летот  9525 полетал од Барселона со половина час задоцнување, во 10.01 часот по средноевропско време, а планирал да слета во Дизелдорф во 11.49 часот.

11084598_10205087756526334_1925273182_n

Околу 10.47 часот испратил повик за тревога до контролата на летање, а половина час подоцна исчезнал од радарот.

11073953_10205087757726364_1774366013_n

Остатоци од леталото наводно биле пронајдени во едно француско село во близина на градот Барселонет, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

11076202_10205087760006421_102036499_n

На местото на авионската несреќа веднаш биле испратени спасувачки екипи и возила на итна медицинска помош.

germanWings2

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека местото на несреќата е тешко пристапно и се сомнева дека некој од патниците и членовите на екипажот е преживеан.

11079141_10205087761526459_1990156222_n

Премиерот на Франција Мануел Валс нагласил дека причината за уривањето на авионот засега не е позната.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата