Се урна дел од зграда на универзитет во Санкт Петербург, има затрупани луѓе

Од:

Дел од зградата на универзитет во Санкт Петербург се урна попладнево, а под урнатините има затрупани луѓе, соопштија очевидци и локалните власти.

Инцидентот се случи денеска на Универзитетот за информатички технологии, механика и оптика додека се одржувала настава, пишува „Раша тудеј“. Во тек е спасувачка операција. Најмалку 60 луѓе биле евакуирани од зградата по несреќата, а се стравува дека под урнатините се наоѓаат дури 21 лице.

На фотографиите кои се објавени по уривањето се забележува голема дупка на покривот од зградата, како и густа прашина.

Несреќата најверојатно е предизвикана од градежните работи во зградата, каде горните катови делумно се распаднале.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Санкт Петербург: Маж пукал во полицијата и се забарикадирал во стан

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Санкт Петербург: Илјадници останаа без струја

ВИДЕО: Голем пожар во магацин за нафта во Санкт Петербург

Спасени сите 86 лица кои се наоѓале во зградата на универзетот во Санкт Петербург