(ВИДЕО) Малта: Најмалку петмина загинати при уривање на авион

Од:

Најмалку пет лица загинаа кога мал авион, со кој се претпоставува дека веројатно патувале функционери на Европската унија, се урна утрово, непосредно по полетувањето од Малта, соопштија извори од аеродромот и очевидци, јавува ДПА.

Медиумските извештаи укажуваат дека станува збор за службеници од граничната агенција на ЕУ Фронтекс, но Фронтекст на Твитер тоа го демантираше.

„Авионот кој се урна на Малта не е на Фронтекс“, напиша на Твитер оваа агенција.

Твит Фронтекс

Весникот „Тајмс оф Малта”, пренесува ДПА, соопшти дека воениот авион бил земен под наем од Луксембург за потребите на Фронтекс. Нема информации за националноста на жртвите.

Авионската несреќа, најтешка во мирновременската историја на Малта, се случила околу 7:20 часот по локално време (5:30 часот По Гринич), набргу откако авионот полетал во 7.10 часот за Мисрата, Либија.

Спасувачите бараат евентуални преживеани, иако се стравува дека сите загинале.

Авионот, двумоторен Метролајнер, може да превезува околу 10 лица. Дел од огнени остатоци се наоѓаат на пат во периметарот на аеродромот, а пожарникари го заливаат местото на несреќата со пена.

Видеоснимка покажува голем пожар, со столбови црн чад.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион