Се слушаат звуци во областа каде исчезна подморницата

Од:

Канадски авион кој ја бара исчезнатата подморница Титан во Атлантскиот Океан открил повремени звуци на „удирање“ во близина на последната позната локација на бродот.

Ова откритие беше споделено преку интерни мејлови испратени до шефовите на Одделот за домашна безбедност, пренесоа американските медиуми.

Екипите кои трагаат по исчезнатата подморница слушале удари на секои 30 минути во вторникот и повторно четири часа подоцна по распоредувањето на хидролокатори, пишува Independent.

Извршниот директор и основач на OceanGate Expeditions Стоктон Раш, британскиот милијардер истражувач Хамиш Хардинг, познатиот француски нуркач Пол-Анри Нарголе и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син Сулејман се на подморницата Титан.

Титан е опремен со четиридневно итно снабдување со кислород. Се проценува дека на петмината исчезнати патници им останале околу 30 часа кислород.

Во спасувачката мисија се вклучени американската и канадската крајбрежна стража.

Би можело да ве интересира

Спасувачите кои ги најдоа остатоците од Титан открија кога сфатиле дека веќе нема надеж

ВИДЕО: Застрашувачка снимка од претходната мисија на Титан: Капетанот изгуби контрола над подморницата

Вработен во OceanGate пред неколку години предупреди: Ќе се убие себеси и другите поради своето его

Американците веруваат дека се најдени човечки останки во остатоците од Титан

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Остатоците од подморницата Титан извлечени од дното на Атлантикот

ВИДЕО: Адел се потсмеваше со трагедијата на концерт: Дали би оделе со подморница до дното на океанот?

Предраг Петровиќ