Се разгледува подигнување обвинение против Дејвид Петреус, поранешен шеф на ЦИА

Од:

Американското Министерство за правда разгледува подигнување обвинение против поранешниот директор на ЦИА, Дејвид Петреус поради оддавање доверливи информации, јавуваат американски медиуми.

Адвокатот на Петреус и портпаролот на Министерството одбија да зборуваат за тоа. Федералните обвинители разгледуваат дали Петреус делел доверлив материјал со својот биограф Пола Бродвел.

Во ноември 2012 година кога поднесе оставка на местото шеф на ЦИА,  призна дека бил во врска со неа.

Агентите пронајдоа тогаш голем број доверливи податоци на компјутерот на Бродвел и во нејзината куќа. И Петреус и Бродвел јавно се извинија поради таа љубовна афера.

Скандалот придонесе за уништување на кариерата на Петреус кој беше командант на американските сили во Авганистан и во Ирак и се сметаше за потенцијален претседателски кандидат. Се уште не е донесена одлука кога би била донесена одлука за поднесување обвинение против Петреус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол