Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Од:

Централната банка на Шпанија нареди повлекување на банкнотите од 50 евра од оптек почнувајќи од април, поради фактот што голем број од нив се оштетени од мастилото што го испуштаат системите за заштита од кражба инсталирани во банкоматите, објавија денеска шпанските медиуми.

Иако овие банкноти несомнено се најкористени во Шпанија, токму поради оваа причина, покрај банкнотите од 20 евра, најчесто се фалсификувани, а воедно се и најизложени на дејството на системот за заштита од кражба, пренесува веб-страницата 20minutos.

Безбедносниот систем против кражба е механизам кој се инсталира во банкоматите и кој ослободува специјално мастило за означување на банкнотата доколку открие обид за кражба, со што ја прави трајно неупотреблива.

Како што соопшти Централната банка на Шпанија, банкнотите од 50 евра повеќе не треба да се користат при никакви трансакции.

Целта на повлекувањето на оштетените банкноти е да се намали обемот на измами и употребата на фалсификувани пари пред доаѓањето на летото и туристичката сезона, кога се зголемува употребата на готовина.

Иако поголемиот дел од Шпанците, како што покажува последниот извештај на Централната банка, сè уште користат хартиена валута како примарен начин на плаќање, во реалноста употребата на платежни картички, како и апликации за плаќање на мобилни телефони, како што се Apple Pay, Google Pay и други, е сè почеста појава.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Земјотрес во Шпанија предизвика уривање на покрив на аеродром

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди брегот на Шпанија

Лишен од слобода “бајач” од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Македонски државјанин „падна“ во Црна Гора, осомничен е за перење пари

Санчез: Нема смисла што воведовме санкции за Русија, а ништо за Израел