Се повеќе улични грабежи и кражби на гробови во Париз

Од:

Под притисок на мерките за штедење Париз се повеќе се соочува со голем број случаи на улични грабежи и кражби на гробови, а крадците се подготвени дури и да го ексхумираат телото за да пронајдат злато и накит, пишува денеска британскиот весник „Дејли телеграф“.

Полицијата наведува дека високите цени на скапоцените метали се вистински магнет за крадците, но немаат чувство и почит ниту за живите, ниту за починатите.

Минатата недела полицијата во францускиот главен град уапси три лица согласно истрагата на кражби на гробови.

Јавноста бурно реагирала откако двајца маскирани напаѓачи убиле 52-годишен работник, кој се обидел да ги спречи во грабежот на една златарница во која тој работел 36 години во парискиот кварт Ле Мараис.

На гробиштата Пантин, во северниот дел на Париз, неодамна биле откопани десетина тела, од кои биле земени златни заби и накит.

Полициски извори тврдат дека тројца мажи, кои се приведени минатата недела, биле гробари кои работеле на градските гробишта.

Минатиот месец уште четворица мажи, од истите гробишта Пантин, се уапсени поради грабеж, кражба на гробови и сквернавење на труповите.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски