Сè повеќе Украинци бараат азил во Европската унија

Од:

Европската канцеларија за поддршка на азил соопшти дека во последните месеци е регистрирано зголемување на барањата за азил од Украина.

Во февруари биле поднесени 971 барање, што е зголемување за 72 проценти во споредба со јануари, што Украинците ги прави „една од првите 10 националности во поднесените барања за азил“. Зголемувањето се совпаѓа со интензивирањето на тензиите меѓу Русија и Украина.

Според светските агенции, генерално, има сериозен пад на барањата за азил во последните месеци поради пандемијата на коронавирусот.

Во 2020 година, барањата за азил во ЕУ и земјите како Швајцарија и Норвешка паднаа на осумгодишен минимум, до вкупно 461.300.

Во февруари годинава биле поднесени вкупно 38.300 барања, што е помалку од две третини од нивото пред една година.

Барањата од деца без родители останале на исто ниво како и пред пандемијата – 1.300.

Франција добила најмногу барања за азил од Украина. Податоците на Евростат покажуваат дека во ноември 59 проценти од 765 украински барања во целата Унија биле поднесени во Франција.

Во Чешка во 2020 година, повеќето барања за азил биле поднесени од Украинци, а во Полска и Лихтенштајн тие се меѓу првите пет националности.

Во февруари, само 78 Украинци добиле статус на бегалец или заштита во ЕУ, додека 482 барања биле одбиени.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски ќе има големи проблеми ако се повлече од договорот за ретки минерали

Горан Наумовски

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Терехов: Харков е нападнат од руски беспилотни летала

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ