Се повеќе се зголемува бројот на прислушувани разговори во Белгија

Од:

Бројот на прислушуваните разговори со судска дозвола во Белгија двојно се зголемил во последните седум години, објавија локалните медиуми.

Минатата година секој месец биле издавани по 600 такви одобрувања. Вкупниот број на контролираните телефони во 2014 година изнесувал 7.200, додека во 2007 година оваа мерка била преземена врз 3.603 граѓани.

Случаите на прислушување постојано се зголемуваат и главно се поврзани со активностите на осомничени терористи и исламисти. И трошоците за оваа дејност се зголемуваат, од 12,9 милиони евра во 2011 година достигнале 15 милиони евра минатата година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети