Градот Вест Њујорк во Њу Џерси, последните денови привлекува стотици верници откако на едно дрво во центарот на ова американско гратче е видено чудесното прикажување на Дева Марија.
Гратчето коешто се наоѓа на брегот од реката Хадсон наспроти Менхетен, досега беше познато по високата стапка на криминалитети и градоначалникот кој е обвинет за информатичка пиратерија. Меѓутоа, на главната авенија во местото се наоѓа и дрво гинко а верници во пукнатината на стеблото наводно го виделе приказот на Богородица од Гвадалупе, име коешто на американскиот континент се употребува за Дева Марија коешто почнало да се користи по приказот во Мексико пред повеќе векови.
Католичката црква не го признава ова наводно чудо коишто се случило во еден град со хиспанофоно население.
Под дрвото деновиве мноштво верници палат свеќи носат цвеќе, како и слики на Богородица. Полицијата била принудена да постави заштитна ограда за да го заштити дрвото од верниците.
Според локалното население Богородица се прикажала првпат на 10-ти јули годинава а ја видела извесна Кармен Лопез. И други верници од местото тврдат дека го виделе приказот на Дева Марија.