Според истражувањето на британскиот портал „Myselebrityfashion“ се поголем број жени би сакале да бидат домаќинки отколку да градат кариера.
Дури 62 проценти од жените изјавиле дека сакаат животот да го поминат како домаќинки и да се грижат за децата и домот. Додека половината од испитаничките изјавиле дека градењето на кариера е стрестна и напорна работа.
Повеќе од половина односно 57 отсто истакнале дека сакаат порелаксиран начин на живот.
Но, 74 проценти признале дека имаат притисок од околината која им сугерирала дека треба да бидат многу понезависни во животот.
Истражувањето покажува дека 78 отсто од жените се согласиле финансиски да зависат од својот сопруг, односно партнер.
– Изненаден сум од истражувањето што поголемиот број жени сакаат да работат во домот отколку во фирма. Многу често се зборува дека треба да се охрабруваат независните жени. Најшокантен е податокот што на жените воопшто не им пречи да бидат издржувани од сопрузите, истакна Боби Малпас, еден од авторите на истражувањето со кое беа испитани 2.000 вработени жени над 25 години.