Здраствената состојба на Нелсон Мандела континуирано се подобрува, но сепак останува критична, се наведува во денешното соопштение на Владата на Република Јужна Африка.
Претседателот Џејкоб Зума го посети 95-годишниот Мандела во болницата во Преторија. Мандела веќе седум недели е во болница поради белодробна инфекција.