Се отвораат архивите за понтификатот на „воениот папа“ Пие XII

Од:

Ватикан денеска ги отвора архивите од времето на папата Пие XII, на кого критичарите му препишуваат дека во текот на Втората светска војна не протестирал против холокаустот.

На историчарите и истражувачите на овој нанин ќе им стане достапна документацијата од понтификатот на контроверизниот папа Пие XII, кој на чело на Римокатолиќката црква бил од 1939 до 1958 година.

Многу Евреи сметаат дека папата недоволно направил да ги заштити во текот на Втората светска војна. Од друга страна, Ватикан тврди дека Пие XII тајно им помагал на Евреите, сметајќи дека во спротивно би предизвикал остра реакција од Третиот рајх со тоа ќе ја влошел ситуацијата на Евреите, но и на католиците во воена Европа, пренесе Хина.

Експертите се надеваат дека меѓу достапните документи ќе се најдат и извори за тогашната дебата во Ватикан.

Од денеска повеќе архиви ќе овозможат увид во своите материјали од времето на понтификатот на Пие XII од кои најголем и најпознат е Ватиканскиот апостолски архив, кој порано се нарекуваше „Ватикански таен архив“. Во него се наоѓаат документи на Црквата што досегаат до 1.000 години наназад во минатото.

Државните архиви соддржат примарни извори на одредена земја, но Ватиканскиот таен архив ја има документацијата од целиот свет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска