Се огласија сирените за воздушен напад во Израел

Од:

Сирените за воздушен се огласија во Тел Авив и низ централен Израел, а населението доби наредба да се евакуира во засолништа, соопшти израелската војска.

Според ИДФ, ракета земја-земја истрелана кон централен Израел од Јемен погодила ненаселена област, при што немало повредени.

„По сирените што неодамна се огласија во централен Израел, идентификувана е ракета земја-земја која премина во централен Израел од исток и падна на отворен простор. Нема извештаи за повредени“, соопшти армијата.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел