Се обиде да избегне, но Борис Џонсон сепак ќе мора во самоизолација

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон сепак ќе мора да оди во десетдневна изолација по контактот со ковид позитивниот министер за здравство Саџид Џавид.

Во првичната објава од Владата беше најавено дека Џонсон ќе биде дел од пилот шемата според која ќе биде тестиран секој ден, а ќе работи сам во кабинетот.

Сепак по жестоките реакции од опозицијата и од јавноста кои реагираат дека не може да има едни правила за нив, а други за Џонсон, премиерот објави дека само кратко размислувал да биде дел од модификуваната шема на изолација и дека ќе се повлече до 26 јули.

„Сите мора да ги почитуваме правилата и затоа ќе бидам во самоизолација“ рече Џонсон.

Џонсон во петокот имал конткт со министерот за здравство кој вчера објави дека е позитивен на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ