СЕ: Новинарството опаснo по живот

Од:

Советот на Европа соопшти дека новинарството е опасна професија во цела Европа. Иако нема убиени новинари, сепак во повеќе земји се забележани физички напади врз нив: Азербејџан, Франција, Германија, Грција, Италија, Летонија, Молдавија, Црна Гора, Романија и Русија.

„До сега во 2012-та година, нема убиени новинари, во 47 земји-членки на СЕ. Искрено се надевам дека, за разлика од претходните години, така ќе остане и до крајот на годината“, изјави комесарот за човекови права на Советот, Нилс Муижниекс.

Тој ги повика владите од сите европски земји, нападите врз новинарите да ги третираат како напади врз демократијата.

„Владите треба насилството врз новинарите да го третираат со најголема сериозност, бидејќи таквите напади имаат за цел навлегување во сржта на нашата демократија“, истакна Муижниекс.

Најчесто сторителите се непознати напаѓачи, неколку маскирани мажи, но не е исклучена можноста понекогаш „седмата сила“ да биде загрозена и од полициски единици за сузбивање на нередите или припадници на специјалното државно обезбедување.

Извештајот укажува и на фактот дека нападите на слободата во новинарството не се како другите напади, ниту материјално, ниту расистички мотивирани, туку многу често тие се политички мотивирани.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време