Се намалува бројот на борци во ИД од Германија

Од:

Најновата анализа на германските служби за безбедност покажува дека се намалува бројот на исламски радикали кои од Германија заминуваат во редовите на групата Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак, јави дописникот на МИА од Берлин.

Шефот на Конференцијата на министри за внатрешни работи, Клаус Билон за агенцијата ДПА изјави дека бројката од стотина луѓе кои во екот на судирите во Сирија и Ирак заминувале од Германија, сега е намален на петмина месечно.

Германските власти и покрај намалувањето на регрутите на ИД се загрижени дека во земјата се уште се активни групи, што имаат капацитет да го зголемат бројот на радикали кои заминуваат во Сирија и Ирак.

Најголемиот дел од борците на ИД во Германија се регурутираат преку интернет и во верските објекти под контрола на салафистички органзиации. Состаноци за исламски теми и дистрибуцијата на Јуранот и верски материјали се дел од методите за да се привлечат нови симпатизери на ИД, вели Билон.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски