Се интензивираат дипломатските напори за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

Од:

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин денеска изјави дека очекува севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да ја посети Русија, а кинескиот претседател Си Џинпинг – Северна Кореја, во контекст на глобалните дипломатски напори за решавање на нуклеарната криза.

Мун наведе и дека има можност Ким да се сретне и со американскиот претседател Доналд Трамп, како и со јапонскиот премир Шинѕо Абе.

– Вториот состанок на Трамп и Ким би можел да биде пропратен со дипломатски активности кои би придонеле за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и стабилизирање на мирот, посочи Мун.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на вчерашната четврта средба со Ким во Пјонгјанг истакна дека тоа е „уште еден чекор“ кон денуклеаризација и дека имал „добар и продуктивен разговор“ со севернокорејскито лидер, но оти има уште работа.

Мун со Помпео имаше средба во Сеул, откако американскиот државен секретар се сретна со Ким.

Портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојерт изјави дека Ким дозволил инспектори да го посетат полигонот за нуклеарно тестирање Пунгје-ри за да потврдат дека објектот е затворен и е неупотреблив.

Помпео и Ким на средбата се согласија наскоро да формираат работна група за да разговараат за процесот на денуклеаризација.

– Американскиот државен секретар и претседателот на Северна Кореја разговараа за опции за локација и датум за вториот самит Ким – Трамп, но ништо не е прецизирано, се посочува во соопштението на Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ