Се фотографирала со мртва пациентка и ги поставила фотографиите на Фејсбук

Од:

Полицијата во Сент Гален во Швајцарија покрена истрага против “болничарка”, која се фотографирала со мртва пациентка, ги поставила фотографиите на Фејсбук и ги поканила пријателите да погодуваат дали е жива.

„Погодете дали заспала или е мртва ? Мала помош: Јас сум крадец на душите”, напишала жената на сликата која носи бел мантил“, пренесува швајцарскиот сајт “20 минути”.

„Да, да, твоето време помина. Нека одат по ѓаволите, на некои од нив таму им е местото. Другите ќе ја наѓубрат земјата, хехехе“, напишала таа, “пеколна болничарка.”

Идентитетот на пациентката и жената, која на мрежата го користи името Ghostinthedark Satania Blaze (Дух во темнината Сатаниа Блејз) не сe откриени.

Полицијата се обидува да утврди во кој старечки дом или институција за нега се снимени фотографиите.

Локалните медиуми објавија дека нејзината страница на Фејсбук е полна со сатански симболи и дека има повеќе од 2.000 пријатели. Како што се дознава, на некои фотографии се прикажани сцени од мачење.

“Зошто поставуваш вакви фотографии на Фејсбук? Дали твојот шеф знае за тоа?”, Напишал еден корисник на социјалната мрежа.

“Ова е морбидно и тажно”, вели друг коментар.

“Смртта е нормална работа, луѓето постојано умираат!” Одговора неидентификуваната жена.

На некои слики позира на снег пред возилото на брза помош, а на други во пластична болничка униформа, пред ѕид полн со садо-мазохистички инструменти.

„Ќе ги разгледаме конкретните чекори ако успееме да дознаеме за кој дом или здравствена установа станува збор“, изјави Матијас Мајерхофер од Швајцарската Канцеларија за социјални прашања.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он