Мачка во Москва беше киднапиранa, па киднаперите побараа откуп за неа.
Таа исчезнала пред 2 недели, додека се шетала во дворот пред куќата на нејзината сопственичка Татјана Очинска. Таа носела каивче со адреса и телефон на Татјана за контакт ако евентуално се загуби.
Овие денови киднаперите контактирале со Очинска и од неа побарале 5.000 рубљи, за да ја вратат мачката. Жената побарала помош од полицијата, но оттаму не покажале никаков интерес за кражбата, и дури и се насмеале.
Очинска била принудена да го плати барањето за откуп и по желба на киднаперите да го преведе износот во банката “Руски стандард”. Мачката сепак уште не и е вратена. Киднаперите само и испратиле фотографија која докажува дека мачката е жива.