Американската геолошка служба денеска соопшти дека синоќа се активирал најактивниот вулкан во светот, Мауна Лоа на Хаваи.
Ерупцијата на вулканот Мауна Лоа почна синоќа во калдерата, проширувањето на кратерот формиран на врвот на вулканот.
JUST IN: Jareb Ombao took this video at a gas station in Kona. Says it appears there’s “lava coming down Mauna Loa”. He’s urging everyone to be on the alert. @USGSVolcanoes @HawaiiNewsNow pic.twitter.com/qd9AMyeuJU
— Eddie Dowd (@EddieDowdTV) November 28, 2022
Истекувањето на лавата во моментот е ограничено на областа под врвот на вулканот и не ги загрозуваат населбите во подножјето.
Мауна Лоа, мерено според неговиот волумен, е најмасивниот вулкан на Земјата. Последен пат еруптираше пред 38 години, во април 1984 година, пишува Daily Mail. Областа на Националниот парк Хавајски вулкани ги опфаќа врвот и југоисточната падина на Мауна Лоа, како и соседниот вулкан Килауеа.