СБ предлага глобален фонд за епидемијата од ебола

Од:

Директорот на Светска банка Џим Јонг Ким денеска предупреди дека епидемијата од ебола во Западна Африка може да предизвика глад и апелираше на создавање на меѓународен фонд за епидемија.

Тој истакна дека еден од четворица фармери во најпогодените земји – Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја го запреле садењето на нивите.

– За една година би можеле да се соочиме со глад, посочи Ким и се заложи за глобален договор на чело со СБ или некоја друга организација за обезбедување на фондови во случај на итни потреби поради пандемијата.

Тој наведе дека богатите земји би учествувале со поголем дел во фондот, од сиромашните, но оти „секој би имал свој удел“.

Според податоци на Светската здравствена организација од ебола починале 5.177 луѓе додека околу 14.500 се заразени од избивањето на епидемијата во декември минатата година.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Македонија