Советот за безбедност на Обединетите нации вчера едногласно усвои резолуција за воведување санкции врз завојуваните страни во Јужен Судан, кој е опустошен од граѓанска војна и меѓуетнички судири.
Резолуцијата, која е предложена од САД предвидува воведување на ембарго за оружје доколку претседателот Салва Кир и бунтовничкиот лидер Риек Мачер не постигнат мировна спогодба.
Во документот се предвидува и можноста за замрзнување на сметки и забрана за патување на лицата кои претставуваат закана за стабилноста на државата, кои извршуваат криминални дела или го попречуваат доставувањето хуманитарна помош.