Советот за безбедност на ОН упати повик за прекин на насилствата во Сирија и осуди непочитување на човекови права од страна на сириската Влада и од бунтовниците.
– Зголеменото насилство е целосно неприфатливо и треба итно да се прекине, се вели во декларација на Советот која нема задолжителен карактер.
СБ на ОН го осуди и непочитувањето на човековите права и од сириските власти и од вооружените групи.