СБ на ОН расправаше за состојбата со човековите права во Северна Кореја

Од:

Советот за безбедност на ОН синоќа расправаше за состојбата со човековите права во Северна Кореја, покрај противењето од Русија и Кина.

Пред почетокот на седницата се одржа процедурално гласање, бидејќи делегацијата на Кина се спротивстави на разгледувањето на прашањето за човековите права во Северна Кореја во СБ на ОН.

За ставање на прашањето на дневен ред гласаа 11 од 15 земји членки на СБ на ОН, меѓу кои Велика Британија, Јордан, Литванија, САД, Франција и Јужна Кореја. Русија и Кина гласаа против, а ЧАД и Австралија беа воздржани. При гласањето на процедурални прашања решенијата се усвојуваат со мнозинство од гласовите и не дејствува правото на вето, пренесува ТАСС.

Пред гласањето постојаниот претставник на Кина во ОН Лиу Цзеи, кој беше изречно против одржување седница за човековите права во Северна Кореја, предупреди дека таквите дискусии носат само штета. Според него состојбата на Корејскиот Полуостров е толку сложена, што СБ на ОН треба да се воздржи од секаква иницијатива што може да доведе до ескалација на тензиите.

Седницата за состојбата со човековите права во Северна Кореја беше свикана на барање на десет земји членки на СБ на ОН, сите со исклучок на Русија, Аргентина, Нигерија, ЧАД и Кина.

Извршените во Северна Кореја кршења на човековите права во многу случаи претставуваат злосторства над човештвото, наведува во извештајот помошникот генерален секретар на ОН за човекови права Иван Шимоновиќ.

Постојаниот претставник на САД во ОН Саманта Пауер изјави дека севернокорејците преживуваат кошмар и дека кршењето на човековите права во земјата се закана за меѓународната безбедност.

– Кога една земја се заканува со нуклеарно оружје, бидејќи се критикува начинот на кој се однесува кон своите граѓани, можеме да се сомневаме дека постои врска меѓу човековите права во Севенра Кореја и меѓународниот мир и безбедност, изјави Пауер.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт