СБ на ОН расправаше за нарушувањата на човековите права во Северна Кореја

Од:

Советот за безбедност на ОН расправаше за кршењата на човековите права во Северна Кореја, пренесе ДПА, одбележувајќи дека станува збор за трета седница на оваа тема.

– Нема никакво подобрување што се однесува до навистина ужасните нарушувања на човековите права во Северна Кореја, сумираше помошникот-генерален секретар на ОН за човекови права Ендрју Гилмор. Тој истакна дека „природата и степенот на нарушувањата кои се слуќуваат во оваа земја ја нагласуваат врската помеѓу човековите права, мирот и безбедноста“.

Истата условеност ја нотираше и постојаниот претставник на САД во ОН Саманта Пауер.

– Како што видовме во други делови на светот, кога влади, на скандалозен начин, ги повредуваат човековите права на сопствениот народ, тие речиси секогаш покажуваат сличен презир кон меѓународните норми, кои помагаат за гарантирање на нашата заедничка безбедност, истакна таа.

Како и на претходните две седници посветени на оваа тема, Кина побара процедурално гласање дали воопшто да биде ставена на дневен ред. Пекинг, главен сојузник на изолираниот режим во Пјонгјанг, смета дека човековите права се надвор од мандатот на Советот за безбедност на ОН да го одржи светскиот мир и безбедност.

Седницата се одржа откако девет од 15-те земји членки на Советот гласаа за нејзино свикување. Кина, Русија и Венецуела беа меѓу петте држави кои се изјаснија против.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“