Советот за безбедност на ОН одлучи денеска да ја прекине мисијата на своите „сини шлемови“ на Хаити, која трае веќе 13 години.
Со резолуцијата се предвидува Мисијата на ОН за стабилизирање на Хаити да се повлече до 15 октомвруи.
Во следните шест месеци ОН ќе ги повлекува етапно своите 2.360 војници и ќе ги замени со нови полициски сили кои ќе имаат задача да обучат полицајци на Хаити.
Новата мисија на ОН ќе има околу 1.200 полициски службеници. Во следните две години бројноста на новите сили постепено ќе се намалува се додека локалните полициски сили не бидат целосно подготвени за преземање.