СБ на ОН едногласен за утврдување виновници за хемиското оружје во Сирија

Од:

Советот за безбедност на ОН усвои денеска едногласно резолуција со која се бара формирање механизам за утврдување одговорност за примена на хемиско оружје во конфликтот во Сирија, поради кое животот го загубија голем број цивили.

Најодлучно се осудува употреба на која било отровна хемиска материја како оружје во Сирија и се бара формирање заеднички механизам за истрага со учество на ОН и Организацијата за забрана на хемиско оружје на рок од година со можност за продолжување по потреба.

Договорот за формирање механизам е постигнат откако САД и Русија ги доближија ставовите за тоа прашање. Во 2013 година благодарение на соработката на тие две држави договорено беше уништување на сирискиот арсенал хемиско оружје.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија