Саудиец тежок 610 килограми префрлен е со специјална дигалка во болница во Ријад, и тоа на трошок на саудискиот крал Абдула.
Калед Мохсин Шаири е префрлен од родниот град Јизан, на југозападот на земјата во Ријад, со специјално опремен авион на третман на симнување на килограмите.
По наредба на кралот Абдула, Министерството за здравство набави специјално направен кревет и дигалка за префрлување на Шаири од неговито стан на вториот кат.
Креветот е специјално направен за Шаири во САД.
Не е наведено која е возраста на мажот, ниту пак медицинскиот третман.