Саудиска Арабија: За аџилак потребен е доказ за вакцинација

Од:

Министерството за здравство на Саудиска Арабија денеска соопшти дека муслиманите кои сакаат да извршат аџилак оваа година ќе треба да докажат дека се вакцинирани против Ковид-19.

Владата во Ријад подвлече дека вакцинацијата против коронавирусот ќе се смета за главен услов за учество во аџилакот во Мека, кој сите муслимани кои можат, треба да го направат еднаш во животот.

Во соопштението не се прецизира дали и оваа година на аџилакот ќе можат да учествуваат само аџии од Саудиска Арабија.

Минатата година само мал број аџии од Саудиска Арабија добија дозвола да учествуваат.

Оваа година, петдневниот аџилак почнува кон крајот на јули.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија