Саудиска Арабија разгледува и воена опција за одговор кон Иран

Од:

Саудиска Арабија верува дека Иран стои зад неодамнешните напади врз нафтените постројки „Сауди Арамко“ и ќе разгледа воена опција како одговор кога истрагата ќе заврши. Тоа го изјави министерот за надворешни работи на Саудиска Адел ал Џубеир на прес-конференција на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Тој нагласи дека Саудиска Арабија сака да мобилизира меѓународна поддршка и да ги разгледа сите опции – дипломатски, економски и воени, и ќе донесе одлука после тоа.

-Ние сакаме да избегнеме војна, но во исто време мора да испратиме сигнал до Иранците дека таквото однесување не може да продолжи, рече Џубеир.

Тој додаде дека ОН помагаат во идентификувањето на нападите на 14 септември, кои предизвикаа нарушување на снабдувањето со нафта во светот, и дека истрагата се очекува да заврши во рок од неколку недели.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он