Саудиска Арабија на јужниот Пацифик

Од:

Австралијците за себе сакаат да мислат како за зелено настроени. Нивната островска земја има околу три милиони квадратни милји фантастична природна околина. Тие се дамнешен лидер во соларната енергија. Во законите имаат еколошки регулативи уште од колнијално доба. А во 2007 година избраа партија и премиер кој беа водени од „проклиматска“ платформа, со која се ветуваше дека ќе се потпише протоколот од Кјото и дека ќе се остварат големи еколошки реформи. Сето ова создаваше чувсвтво за земја која е свесна дека страда од првите ефекти на глобалното загревање.

Но сепак, неколку години подоцна, Австралија ја фрли својата екологија низ прозорецот – и тоа право во природната околина.

Лабуристичката партија која е еколошки настроена, денес е надвор од игра, исфрлена е заради внатрешни превирања и глад за крв. Медиумите, во кои доминира Руперт Мардок, објавуваат конспиративни теории за науката за климата. На местото на Лабуристичката партија австралијците ја избраа конзервативната Либерална партија, водена од премиер кој еднаш изјави дека „аргументите за климата се чиста глупост“.

Истата година кога дојдоа на власт, премиерот Тони Абот и неговата коалиција предовдена од либералите, веќе ги укинаа клучните еколошки политики на државата. Сега почнуваат систематски да ги уништуваат и природните ресурси. Во овој процес, тие ја трансформираа Австралија од светски иноватор на еколошки измуми во најверојатно највалканата земја во развиениот свет. А со мајсторски пресврт со помош на спин машината тие успеаја да ја замолчат јавната дебата со бојадисување на науката за климата во суеверна, и суеверието во наука за климата. (Тука треба да забележиме дека еден од нас одраснал во Австралија).

Беше укинат државниот данок за испуштање на јаглерод диоксид. Позицијата на министерот за наука беше елиминирана. Човекот кој предупредуваше за „глобалното ладење“ сега е највисокиот државен советник за бизниси. Во ноември, Австралија ќе биде домаќин на економскиот самит Г-20, и планира да ја искористи својата моќ како домаќин за да се исфрлат климатските промени надвор од официјалната агенда на самитот.

Ако екологијата стане непријател на Австралија, фосилните горива уште еднаш се потврдија како нејзин најдобар пријател. Два месеци по укинувањето на данокот за испуштање на јаглерод диоксид, владата постигна догоров со маргинална партија предводена од рударски тајкун, за да се укинат даноците за рударството. За тематат за климатските промени беше назначен скептик – да, уште еден таков – за да ги преиспита целите на обновливите енергии. Изненадување: се очекува тој да ги сведе истите на минимум. Независното моделирање во студијата која ја нарачаа Институтот за клима, Австралијската фондација за конзервација, и ВВФ – Австралија, се открива дека кратењата во обновливите енергии нема да ги намали сметките на австралијанците за енергија. Но затоа тие ќе им подарат на индустриите за јаглен и гас во земјата дополнителни 8,8 милијарди американски долари.

Во време кога соларната енергија цвета насекаде низ светот, сончевата Австралија ги скратува државно субвенционираните енергии (и покрај претходниот успех на истите) и откажува големите соларни проекти. Во меѓувреме, владата си даде дозвола да го изгради најголемиот рудник за јаглен во земјата, со цел да се зголеми извозот на јаглен за Индија.
Дали спомнавме дека австралијанците според емисиите на јаглерод диоксид по глава на жител, се на врвот во развиениот свет. Добредојдовте во Саудиска Арабија на јужниот Пацифик. Не. Австралија не е теократија, а нафтата не е извор за богатство од фосилните горива. Но затоа е втор најголем светски извозник на јаглен, и трет најголем извозник на течен природен гас, а минералите и горивата приднесуваат со скоро 50 проценти во приходите од извозот на земјата. Емисиите на јаглерод диоксид всушност ги надминуваат оние на Саудиска Арабија. А однесувањето во однос на последново почнуваат грдо да наликуваат на оние петрол држави чии влади изгледа дека постојат само за да ги гарантираат своите спектакуларни профити од индустријата на фосилни горива.

Небото не е единствената реалност која Австралија ја загадува. На крајот, отпадот кој државата го содздава од новите рудници и од ширењето на пристанишата за јаглен мора некаде да се складира. Зошто да не ги фрлиме во Големиот корален гребен? (Овој месец, соочувајќи се со катастрофален ПР, рударскиот конзорциум кој го води овој актуелен проект ја преиначи својата одлука и најверојатно ќе бара дозвола наместо тоа отпадот да го депонира на копно).
„Да видиме“. мора вака секое утро да се бидат австралијските лидери. „Од кое природно чудо мораме денес да се отарасиме?“. На врвот на таа листа е совршено чистата област на тасманискиот див свет, кое скоро две третини новата влада се обврза да го отвори за комерцијално складирање. Еколозите предупредуваат дека складирањето ќе биде закана за загрозените животински видови, како што е брзоногиот папагал (роднина со розелата), клинестоопашестиот орел, и култниот Тасманиски ѓавол. Оваа загриженост беше отфрлена од државната влада, која како и федералната влада е контролирана од Либералите. За среќа, нивните планови беа спречени кога Унеско ги осуети нивните обиди да ја укинат заштитата на шумите од програмата за Светско наследство.

Како либералите и нивините коалициски партнери успеаја да поништат толку еколошки политики за толку кратко време благодарение на наклонетите медиуми и на нерационалното размислување, е повод за ново истражување.

Од мигот кога проклиматската Лабуристичка партија дојде на власт во 2007 година, опозициските лидери и нивните полтрони ги ставија еколошките политики во фокусот на нивните напади врз владата. Дури и еколошките политики кои беа воспоставени од претходниот либерален режим, стануваа политички поларизирани онака како што конзервативците ги преставуваа еколошките политики како „уништувачи на работните места“. Данокот за испуштање на јаглерод диоксид се претвори во австралијски еквивалент на Обамакер, онака како што опозицијата не успева да ја искорсти шансата со која требаше да се одвојат од коалицијата на Лабуристичката партија со еколошки фокусираната партија, имено со Зелените. На некој начин, еколошките политики денес се уште покревки за да бидат обележани како убијци на работните места, отколку што се тоа здравствените политики, затоа што бенефитите помалку ги засегаат поединците.

Но Абот и неговите сојузници не само што ја свртеа јавноста против регулативата за животната средина преку заканата за економска пропаст. Тие исто напорно работеа да ја разнишаат довербата кај јавноста за науката за климата. И го сторија тоа на начин кој ќе ги изненади и повеќето американци: споредувајќи ги еколозите со религиозни фанатици.

Зелените политичари, активистите за климатските промени, па дури и научниците, беа бојадисани како модерни инкарнации за архетипот за австралиецот од омразениот ран 20-ти век: силен верник, антикоцкар, антиалкохоличар и силно религиозен фанатик. Некои кои, као што вели професорот Кен Инглис, „се моли на колена во недела и им проповеда на своите соседи во остатокот од неделата“.

Ваквиот напад почна на почетокот на 2010 година, кога Абот беше во парламентарната опозиција. Во едно телевизиско интервју за еколошките политики на тогашниот лабуристички премиер Кевин Рад тој рече: „Јас не сум евангелистички настроен околу ова како што е премиерот Кевин Рад. Не сум идеолог околу ова на начин како што е премиерот Рад“.

Во 2012 година, во уреднички коментар насловен со „Ја губат верата онака како што се ладат доказите“ објавен во националниот весник Острелиан на Руперт Мардок, највисокиот советник за бизниси на Абот напиша: „Кога мајката природа во 1980 одлучи да ја смени брзината од постудено кон потопло, беше родена новата глобална религија за загревањето, и си создадена своја црква (Обединетите Нации), свое папство (Меѓународниот панел за климатски промени), и свештени тимови за глобалното загревање маскирани во научници за клима“.

Во контекст на оваа аналогија, поранешниот либерален премиер Џон Хауард одржа говор на конференцијата за фракирање во Велика Британија во 2013 година, нсловен како „Една религија е доволна“, во која тој ја нарече акцијата за климатски промени „алтернативна замена за религијата“. Интересно е тоа што кога линијата глобалното-загревање-како-религија не беше успешна како државна позиција, тогаш американската тинк-тенк организација Институт Хартленд ја одигра клучната улога во создавањето на австралиското негаторско движење.

Исто клучно во сеењето на сомнежот и апатијата беше Њуз корп. на Руперт Мардок, кој е сопстевник на скоро две третини од сиот градски печат во Австралија, и на доминантните дневни весници во повеќето главни градови во државите. Според едно исражување на Австралискиот центар за независно новинарство, покривањето на политиките за климатските промени на поранешната лабуристичка влада од страна на весниците на Њуз корп., било 82 проценти негативно.

И покрај сето ова, вербата дека климатските промени се реалност останува релативно висока меѓу австралијските избирачи. Според една анкета на Институтот Лоуи од 2014 година, 45 проценти од Автралијците сега го гледаат глобалното загревање како „сериозен и проблем кој притиска“, што е за пет проценти повеќе отколку во 2013 година. „Четириесет проценти од американците веруваат дека е ова голема закана, стои во анкета од Пју рисрч од 2013 година). Но верубата не е исто што и делувањето.

Култивираниот агностицизам од страна на конзервативците во врска со проблемите со климата е поткрепен од оштата незаинтересираност во врска со тоа што се случуваше во „позадина“. Австралијците одамна затвораат очи во врска со 70 проценти од земјата која е сува пустелија, и за малиот број луѓе кои живеат таму. Глобалните рударски компании, како што е Рио Тинто, управуваат со пустинскиото елдорадо во Северната територија која е поголема од американската престолнина Вашингтон. Самите рудари – кои најчесто не се стални и доаѓаат и си заминуваат – едвај веруваат дека во одалечените често сурови заедници во Западна Австралија, во Северната територија или во Квинслнд, чија почва ја копаат и чии мали градови ги уништуваат. Мнозина од нив доаѓаат ваму од Сиднеј или Мелбурн, па дури и од Нов Зеланд и Бали.

Историски, оваа апатија оди и надвор од рударството. Во 50-ите и на почетокот на 60-ите години од минатиот век, владата им дозволи на британците да изведуваат нуклеарни тестирања на островите Монте бело во западна Австралија и во делови од јужна Австралија. А минатиот август, конзервативниот министер за одбрана на државниот секретар на САД, Џон Кери, му рече дека американската војска е „добредојдена да ги користи отворените пространства во Северната територија“ како свои бази и за воени вежби. (Со години постоеше американска поморска база во Дарвин). Замислете САД на армијата на Канада да и ја подари Аљаска за да си прави воени игри.

Има некои кои сакаат да ја отуѓат оваа огромна територија од земјата, и да ја одалечат од автралијските крајбрежни населени центри. Рударскиот магнат Џина Ринчард, една од најбогатите жени во светот, лобираше една третина од северот на континетот да биде деклариранн како „специјална економска зона“, со намалени даноци, пониски плати и со расипничка регулатива.

Ако Австралијците имаат апатија во врска со користењето на нивната територија, чесно е да се каже дека и кон нив постои еднаква апатија. Токму ваква преубава, токму оваа сурова земја во која некои и живеат, често гори, посебно во сушните периоди, а кога водените текови нема да пресушат, тие поплавуваат – сите природни катастрофи кои веќе ги истакна глобалното загревање.

Да се надеваме дека среброљубивите политики на сегашната влада претставуваат само привремен момент на лудило. Ако австралијскиот народ не може да поправи нешто од претходните гревови кон својата животна средина, со текот на времето тие ќе откријат дека нивната земја не е повеќе само апатична кон нивното престојување таму, туку е и отворено непријателски настроена.

Слејт – Вашингтон

Би можело да ве интересира

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

ВМРО-ДПМНЕ: Проблеми во енергетскиот сектор се последица на криминалното работење на СДС и ДУИ

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски