Во средината на декември Саудиска Арабија ќе биде домаќин на конференција со цел обединување на сириската опозиција пред планираните нови мировни преговори. Тоа го изјави саудискиот амбасадор во ОН.
Абдала ал Муалими изјави дека државата ќе се обиде да собере различни припадници на опозицијата за да „проговорат во еден глас“.
Во саботата министрите за надворешни работи на околу 20 држави се договорија во Виена за амбициозен план – до 1 јануари да почнат преговори меѓу сириската Влада и опозицијата.
Саудискиот претставник навел дека се очекува конференцијата да се одржи на 15 декември.