Саудиска Арабија: Иран треба да го промени однесувањето

Од:

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Адел ал Џубеир изјави дека Иран мора да го промени однесувањето кон неговата земја, ако сака да ги нормализира односите со сунитското кралство кое е богато со нафта, јавува Танјуг.

Џубеир, на зедничката прес-конференција со јужноафриканскиот колега, изјави дека Ријад „сака да има мирољубиви односи“ со Техеран.

Тој истакна дека Ријад повеќе од три децении се обидува да воспостави блиски односи со Техеран, но дека „за возврат не добил ништо“.

– Иран знае што треба да прави за да има нормални односи со Саудиска Арабија и со остатокот од исламскиот свет, а тоа е да го промени однесувањето и вратите ќе бидат отворени за тоа, нагласи Џубеир.

Односите на Саудиска Арабија и Иран се влошија во јануари минатата година по нападот на кралската амбасада во Техеран и конзулатот во Машхад.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија