Новоназначениот преоден премиер на Тајланд, генералот Прајут Кан-ока издаде согласност според која 12 тајландски ТВ станици, чија работа беше забранета по воениот удар, можат да добијат нови лиценци ако се откажат од емитување политички вести или емисии кои можат да доведат до поделба меѓу граѓаните.
Телевизиските студија имаат рок од една недела да одлучат дали ќе го потпишат актот во кој се наведени упатствата, поточно ограничувањата за содржините на вестите што ќе ги емитуваат.
Според Националното здружение на телевизиските станици, сите сега забранети ТВ станици ќе ги прифатат условите за добивање нова лиценца, а најголемиот дел од нив најавиле дека ќе работат со истите ТВ екипи, но под друго име.