Сасоли: Многу сме загрижени за Брегзит

Од:

Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, се сретна со главниот европски преговарач за Брегзит денеска и изрази длабока загриженост за отсуството на напредок во преговорите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тој нагласи дека Обединето Кралство целосно истапува од ЕУ за 114 дена, по што правото на ЕУ нема повеќе да важи во оваа земја, како што е случај за сега, за време на транзициската фаза.

-Времето не е на наша страна и јас сум длабоко загрижен со оглед на недостатокот на напредок во преговорите во оваа доцна фаза, изјави Сасоли.

Сасоли порача дека ЕУ го почитува суверенитет на Обединетото Кралство и дека за возврат очекува почит за фундаменталните принципи на ЕУ.

Претседателот на Европскиот Парламент призна дека ЕУ не сака „договор по секоја цена“, но ги повика Британците на итен компромис пред крајот на оваа година и очекува од нив да го почитуваат потпишаниот договор и дадените ветувања, посебно во однос на правата на ЕУ граѓаните во Обединетото Кралство и во однос на Северна Ирска.

-Ако Обединетото Кралство го поткопува договорот, тоа ќе има сериозни поселдици, ЕУ и нејзините институции се целосно обединети за фер договор за граѓаните на ЕУ и на Обединетото Кралство, изјави Давид Сасоли.

Би можело да ве интересира

Заев, Димитров и Османи разговараа со Сасоли: С. Македонија е подготвена да стане следната успешна приказна на проширувањето на ЕУ

Жарко Настоски

Лондон: Нема логика да продолжиме да преговараме со ЕУ ако Брисел не ја смени позицијата

Жарко Настоски

Џонсон: ЕУ да направи мала отстапка додека има време

Ана Ололовска

Макрон: Лидерите на ЕУ едногласни за договорот со Британија за Брегзит

А1он

Лајен: ЕУ ќе продолжи да работи на договорот со Лондон, но не по секоја цена

Ана Ололовска

Џонсон: Велика Британија е подготвена за Брегзит „без договор“,ако нема „фундаментални промени“ во пристапот на ЕУ

Ана Ололовска