Саркози се врати на политичката сцена со барање за суспендирање на Шенген I

Од:

Неколку дена пред гласањето за европските избори во Франција (25 мај) поранешниот француски претседател излезе од политичкиот молк со своја трибина во денешното издание на неделникот „Ле Поан“, јавува дописникот на МИА од Париз.

Два месеци по трибината во Фигаро во која се бранеше за „нападите“ на кои е изложен од истражните органи, Никола Саркози се обидува да ги мобилизира избирачите, давајќи ја својата визија за Европа.

На прво место, во континуитет на неговата изгубена кампања за реизбор во 2012 тој бара преработка на заедничките европски правила кои се однесуваат на имиграцијата.

„Потребно е веднаш да се суспендира Шенген I и да се замени со Шенген II во кој земјите членнки ќе можат да влезат откако ќе усвојат иста политика за имиграцијата“ – пишува Саркози.

Декларацијата на поранешниот француски претседател доаѓа во моментот кога се појавија критки во однос на шенгенскиот договор, односно европските договори за слободното движење во Европската Унија.

Покрај новиот Шенген, Саркози исто така предлага една „голема француско-германска економска зона, која ќе биде конзистентна и стабилна во срцето на еврозоната. Потоа одземње на законодваните надлежност на Европската комисија, бидејќи тука е Европскиот парламент, кој треба единствениот кој ќе носи закони.

Никола Саркози предупредува и на отсуството на лидерство што ја става Европа во опасност, бидејќи без визија, без оринетир и без приоритет…Европа не заштитува од идеолошките екцеси на нашите влади и од мнозинството кое ги поддржува“.

„Целта на Европа никогаш не беше да не собере сите, да живееме сите на ист начин, да мислиме сите за се исто. Потребно е да бидеме способни за соживот, да се дружиме, да ги браниме нашите праведни интереси заедно, наспроти остатокот од светот, па дури и да промовираме модел на европската цивилизација. ”

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм