Саркози пред суд поради аферата за финансирањето на кампањата во 2012 година

Од:

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде изведен пред суд под обвинение дека нелегално обезбедувал пари за финансирање на својата кампања за претседателските избори во 2012 година.

Уште 13 лица ќе бидат изведени пред суд поради истата афера, која вклучува обвиненија за прекумерно трошење и прибирање на средства за кампањата на нелегален начин.

Саркози е обвинет дека неговата тогашна партија Унија на народното двожење (УМП) ги „фалсификувала сметките“ за да бидат сокриени 22,5 милини евра потрошени во неговата претседателска кампања.

Случајот се провлекува неколку години, а Саркози ги отфрла сите обвинувања на своја сметка и тврди дека тој не знаел за преправањето на фактурите и за пречекорувањето на трошоците.

Се очекува судењето да биде насочено кон тоа да се утврди дали Саркози знаел за изразените сомнежи околу „измамата со сметките“.

На изборите во 2012 година, Саркози беше поразен од кандидатот на социјалистите, актуелниот претседател Франсоа Оланд, а не успеа да ја добие ни кандидатурата на партијата Републикан за претстојните избори.

Одлуката за изведување на Саркози пред суд доаѓа во време кога француските политичари се соочуваат со зголемена контрола над нивните лични финансии во пресрет на овогодинешната кампања за претседателските избори, што ќе се одржат во април и мај годинава.

Во Франција е законски ограничена висината на средства што може да се потрошат за изборната кампања.

Саркози е вториот претседател на Трета Француска Република, создадена во 1958 година, што че биде изведен на судење. Во 2011 година, поранешниот шеф на државата Жак Ширак беше осуден на две години затвор условно, за злоупотреба на јавните фондови.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата