Саркози обвинет за „активна корупција“

Од:

По осумнаесет чaсови притвор и сослушување, поранешниот француски претседател Никола Саркози од истражните судии е обвинет за „активна корупција“, „трговија со влијание“ и „прикривање и прекршување на професионалната тајна”

Обвинението, според париски „Ле Монд“ е подигнато доцна синоќа, откако претходно беше обвинет и адвокатот на Саркози, Тјери Херцог и високиот судски функцинер од Врховниот суд Жилбер Азибер, како и уште еден друг висок судски функционер Патрик Сасуст.

Против сите четворица обвиненето е исто „активна корупција“, „трговија со влијание“ и „прикривање ипрекршување на професионалната тајна”, сите тие ризикуваат по десет години затворска казна.

Никола Саркози преку својот адвокат, кој бил пријател со Жилбер Азибер се обидувал да дознае што има против него во процедурата што се водела за предметот Бетанкур.

Во замена на судските функционери им биле ветени унапредувања. Од прислушувањата на телефонските разговори меѓу Никола Саркози и неговиот адвокат како што пишува „Ле Монд“, јасно се покажува дека поранешниот француски претседател е лицето кое давало наредби.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано